Кинескиот пчелар Ше Пинг го прекрил своето полуголо тело со повеќе од 460 илјади пчели поради реклама, како би продал што повеќе мед. Како што пренесуваат агенциите, 34-годишниот пчелар од југозападниот град Чонгчинг, го прекрил телото со пчели чија тежина надминувала 45 килограми.

Рекол дека бил многу нервозен и дека тоа го сторил како би го рекламирал својот мед. Навел дека за време на егзибицијата, која траела 14 минути, пчелите го каснале повеќе од 20 пати. Додал дека навикнал да работи со пчели и дека со тоа почнал да се занимава кога имач 22 години. Гинисвоиот рекорд го држи индиецот Випин Сет кој во 2009 година успеал на себе да привлече повеќе од 613 илјади плели, тешки 61,4 килограми.