Еден француски пар од гратчето Мило, на југот на земјата, на таванот од својата куќа сосема случајно пронашле мал ќуп со златни монети вредни околу 100 илјади евра, пренеле британските медиуми. Вкупно 34 монети, колку што биле пронајдени, потекнувале од периодот помеѓу 1595 и 1789 година.


Сопругот кој сакал да остане анонимен изјавил дека ќупот го пронашле сосема случајно додека вршеле поправки на водоводната цевка на таванот. Наредниот ден монетите ги однеле да проценка, и дознале дека нивната вредност изнесувала околу 100 илјади евра. Им понудиле да ги откупат монетите, но парот одлучил да ги задржи, на што има право според францускиот закон, бидејќи биле пронајдени на нивниот имот.