На граничниот премин Табановеце, на северната границата меѓу Македонија и Србија масата мигранти е расчистена од утрово во 8.30 часот кога преминале на српска страна.
Како што јавува од таму репортерот на Телма, таму има само група од 50-тина мигранти кои пристигнале од Гевгелија.
Во текот на ноќта на Табановце имаше дури 4.000 луѓе кои пристигнуваа со приватен превоз со автобуси, комбиња и такси возила од Гевгелија. Тие ноќата ја поминаа на границата откако од српска страна во 23 часот беше затворена границата, но по отворањето во 6 часот наутро масата мигранти влегла во Србија, од каде планираат да стигнат со земјите на ЕУ.
OhridNews
извор Телма