На Граничниот премин Табановце денеска е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, информираат од МВР за МИА.
Медиумите попладнево објавија дека поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски кој беше на чело на управата од 1999 до 2002 година, а кој се бараше по меѓународна потерница е приведен денеска на Граничниот премин Табановце.
OhridNews