Сообраќајна култура, е многу важен елемент за безбедноста во сообраќајот и не подразбира само познавањето на сообраќајните правила и пропси и умеење да се управува возило, туку и начинот на движење и однесувањето на учесниците во сообраќајот има важна улога за безбедноста. 11 мај е светски ден на културатра во сообраќајот. По тој повод Авто школата „Старс Инженеринг“ изработи пригодна брошура посветена на безбедноста на пешаците и правила кои треба да ги знаат овие учесници во сообраќајот.
Улогата на семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на нашите деца. Затоа нашиот однос во сообраќајот во улога на пешак или возач на возило со нашето дете, како и почитувањето на сообраќајните правила има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќај. – вели сообраќајниот инженер м-р Соња Шикалоска од Авто школата „Старс Инженеринг“.
Во прилог неколку практични примери и ситуации во едукативна цел, за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, како и практичен Тест, преку кој најмладите учесници во сообраќајот можат да го проверат своето знаење од областа на сообраќајната култура.
Брошура на Авто школата „Старс Инженеринг“ за безбедност на пешаците во сообраќајот
ПРОВЕРЕТЕ ГО ЗНАЕЊЕТО ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА
Практичен тест од областа на безбедноста во сообраќајот
Културата и етиката во сообраќајот се учат од мали нозе. Исто е и со навиките. Тие се создаваат со правилна сообраќајна едукација, оттаму обврска на сите општествени чинители, но и на сите нас, е да ги уи учиме децата уште од најмали нозе како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот, порачуваат од Авто школата „Старс Инженеринг“, која речиси три децении неуморно работи на едукација и подобрување на безбедноста во сообраќајот.
OhridNews