Последните учесници на Светската меѓурелигиска конференција синоќа си заминаа од Охрид. Ги имаше над 300, плус помошен персонал, протокол, обезбедување, новинари. За сите нив во текот на конференцијата се подготвуваше специјална храна, согласно потребите на верските заедници, традициите и обичаите.
Каваљир Стојан Филипоски, шеф на персоналот за исхрана, вели дека подготовката на храната за учесниците на конференцијата бил вистински предизвик.
Со претставниците на сите религии имавме состанок и се договоривме каква храна да подготвуваме.Посебни барања имаше еврејската верска заедница, која сакаше живо јагне, жива живина и риба. Импровизиравме касапница каде со посебни ритуали рабинот со сопствен алат го усмрти јагнето кое го подготвивме на начлин на кој тие сакаа. Имаше посебни побарувања и од муслиманската верска заедница, како и од другите, и сите тие беа удоволени, ни изјави каваљир Филипоски.
Сите верски заедници бараа риба, јагнешко и риба со нивни зачини и специфичен начин на подготовка, а при подготовката на храната задолжително присуствуваше рабин и претствник на муслиманската верска заедница.Тие имаа посебни барања но најмногу ги сакаа нашите национални јадења, вели каваљир Филипоски.
За подготовка и сервирање на храната на Светската меѓурелигиска конференција беа ангажирани 270 кувари и келнери од Скопје, како и дополнителен персонал од охридските хотели Инекс, Парк, Белви, и рестораните Софра и Ноно од Охрид.
Горан Момироски
фото: Спаско Костоски