На Свечена академија што во чест на Св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид ќе се одржи вечерва во 20ч. во Центарот за култура, ќе бидат доделени највисоките општински признанија – наградата и повелбите Св. Климент Охридски.

Меѓу добитниците на највисокото општинско признание кое традиционално се доделува на истакнати личности и институции за особени заслуги за развојот и афирмацијата на градот Охрид во Македонија и пошироко во светот, годинава е и електронскиот весник „Ohridnews“. Нашата куќа е добитник на повелбата „Свети Климент Охридски“, а вакво признание добија и Анастасика Попоска, специјалист по ортопедија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, и веслачите репрезентативци Александра и Александар Иваноски.

Највисокото општинско признание, наградата Свети Климент Охридски“ што се доделува за животно дело ја добија писателот и дипломат Трајан Петровски и професорот од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Миладин Крстаноски. Петчеланата комисија за доделување награди и признанија одлуката за изборот на лауреатите ја донела едногласно, во силна конкуренција од 18 апликации, од кои шест за наградата и 12 за повелбата.


проф. д-р Миладин Крстаноски
– добитник на највисокото општинско признание


Свеченостите по повод патрониот празник на Охрид – Св. Климент Охридски ќе бидат заокружени утре со пуштањето во употреба на Музејот на вода во Градиште.

Ohridnews