Луис и Иан се ванчале во црква во Линколншир. Британскиот пар на гостите им приредил изненадување. Невестата се појавила во уникатна венчаница од волна која ја дизајнирала самата, додека младоженецот носел горен дел од одело кој исто така бил направен од волна.
Заедно поседуваат фарма со овци, а венчаницата ја направиле токму од овците на фармата. Невестата не сакала да фрли толку многу волна, и дошла на идеја од неа да направи венчаница. Гостите уживале во десертите во форма на овци и биле воодушевени од идејата на невестата.