Донатор на активностите е Министерството за надворешни работи на САД, а покровител е Меѓународниот фонд за деминирање и помош на жртвите од мини.
Во операцијата за чистење на Охридското Езеро, што ќе трае до 21 февруари, логистички се вклучени и МВР, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа на Охрид и Охридската Капетанија.