Индиец, кој на суд донел лажна жена како би издејствувал развод, е соочен со казна откако вистинската жена ја открила измамата.

Саниб Шаха на суд во градот Колкати донел жена за која тврдел дека му е сопруга. Двајцата се изјасниле дека бараат развод, по што судот веднаш го одобрил.


Но, кога Шаха побарал неговата вистинска жена да ја напушти нивната заедничка куќа, таа поднела жалба до судот и ја открила измамата. Веднаш по тоа разводот бил поништен.

„Овој случај јасно укажува на дупките во правниот систем“ – рекол адвокатот на вистинската сопруга од Шаха.