Деби победа на кошаракрите на АМАК СП на почетокот на новата сезона. Во Билјанини извори “преслушан“ тимот на Работнички.
Двата тренери шанса им дадоа на сите кошаркари да продефилираат на паркетот.Кај домашните дебитираше 22 годишниот американец Џеред Фрај, додека кај шпедитерите повратникот Ѓуроски.
По водството по првите 10 мин Србиноски кој под супервизија на Докузоски го водеше тимот наметна пресинг игра по целиот терен во која шпедитерите подобро се снајдоа и во своја корист ги решија наредните две четвртини. Кај играчите на двете екипи пристуна беше огромната желба да се наметнат кај своите “шефови“.На стартот на последната четвртина домашните успеаа прво да го анулираат а потоа и да дојдат до предност кој до крајот успеаа да ја сочуваат .
Амак СП – Работнички Фершпед 83-77 (16-14 , 22 – 26 ,19 – 22 , 26 – 15)
М.Постоловски