На Луба Релик, 84-годишна пензионерка, и ја продолжиле забраната за возење до 3000 година, бидејќи претходната забрана до 2999 година „не била доволна“.
Австралискиот суд ја прогласил за виновна и и ја зголемил казната откако возејќи без дозвола ја удрила својата Хонда, залетувајќи се во паркиран автомобил. Луба се појавила на суд дури 70 пати за неколку години. Но, таа и натаму инсистира дека е „одлична“ возачка.
За време на судењето, кога и ја зголемиле забраната таа почнала да плаче, да им влегува во збор на сведоците и да ја докажува својата невиност, тврдејќи дека годините ја прават поискусна и подобра возачка.