На Боб Расел му е вратен автомобилот кој му е украден пред 42 години. Му го украдиле во 1970 година додека бил студент. Си го пронашол на eBay на кој го поставил продавач од Лос Анџелес.
Расел се израдувал на својот стар автомобил за кој рекол дека сеуште може да се вози иако кочниците не се во најдобра состојба.
Не морал да се натпреварува за автомобилот на интернет аукцијата и платил само 600 долари, колку што го чинела пријавата за украден автомобил во полициските досиеја.
Расел верува дека неговиот автомобил, кој е произведен 1967 година, со малку труд денеска ќе вреди 50 000 долари. Кога го купил цената му била 3 000 долари.