И измамниците ги следат модерните технологии, така што внимавајте што и од кого купувате онлајн.
Имено, како што соопшти МВР, преку социјалните мрежи лице од Скопје објавило огласи за продажба на апарати – бела техника, што не ги поседува и со измама ги довел во заблуда оштетените лица, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.
Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл. 247. – се наведува во соопштението.
OhridNews