Креаторите на филмот „Fast and furious 7“ уништиле повеќе од 230 автомобили додека го снимале седмиот дел од франшизата. Околу 30 возила, вклучувајќи неколку црни Мерцедеси, „Ford Crown Victoria“ и „Mitsubishi Montero“, испратени се на отпадот Бони, близу Колорадо Спрингс, каде е снимана потера по планински автопат.
Сопственикот на отпадот, Ричард Џенсен, поставил знак на кој пишувало дека купуваат авто отпад, и бил контактиран од филмската екипа. Креаторите на филмот инсистирале да ги растури или здроби, како би спречиле нивно поправање, или некоја повреда во оштетените филмски автомобили. Џенесен рекол дека било необично да се видат некои нови модели Мерцедес здробени без причина. Координаторот за филмските автомобили од франшизата бил дециден дека мора да се следи специфичен протокол според кој се отстрануваат сите уништени возила за време на снимањето.