Сингапурскиот лекар Куек Каи Мие на својата слугинка по смртта и оставил луксузен апартман и дури повеќе од 3 милиони евра. Слугнката не го открила своето вистинско име и се претставила само како Кристин од Филипини. ИСтакнала дека е најсреќната слугинка во Сингапур. Лекарот починал минатата година, а слугинката ја наградил поради нејзината верност и грижата кон него и неговата мајка.
Слугинката изјавила дека не размислува многу за богатството и дека нема да го промени својот животен стил. Се надева дека сега ќе остане да живее во Сингапур каде би требало да добие право на пасош и државјанство.