Како што дознава OhridNews, од обвинението се ослободени Јане Ш., Петар Ш., Борче Ч. и Јован Ѓ., сите од охридско и се очекува тие вечерва да бидат пуштени на слобода. Во истражниот затвор во Скопје во притвор остануват тројца охриѓани, а едно лице, српски државјанин, за кое постои основано сомнение дека било вмешано во инцидентот, се уште е недостапно за органите на прогонот.
Одбраната на ослободените е задоволна од одлуката на обвинителството кое се очекува утре и официјално да подигне обвинение за тепачката во која животот го загуби туристoт од Србија. Адвокатите на притворените очекуваат промена на обвинителниот акт кој осомничените ги товари за свирепо убиство, во обвинение за убиство од небрежност за што максималната казна затвор изнесува 5 години.
На 27-ми август по претходна расправија во кабаре, 34-годишниот српски државјанин Дејан Новаковиќ беше убиен во тепачка во која учествувале десетина лица. Веднаш по инцидентот беа уапсени седум лица од Охрид, а по два и пол месечен притвор четворица од нив се ослободени од обвинението.