Кога една старица си дошла дома во руското село Сосновка, сфатила дека некој бил таму. Кога разгледувала низ куќата да види што недостига, се зачудила кога се било на свое место. На масата ја чекала порака крај која имало 500 рубљи.
-Сите кутии и прозорци беа отворени. Цвеќето ми беше паднато на подот, а земја имаше насекаде. Забележав траги од две особи. Веќе тргнав да повикам полиција кога ја видов пораката на масата. Пишуваше „Ова ти е за живот, бабо“, а покрај пораката имаше и пари – раскажува старицата.
Сепак пријавила во полиција. -И покрај тоа што крадецот и помогна на старицата, ние треба да го пронајдеме. Веројатно ќе краде на друго место-велат од полицијата.