Жителите од улицата „Сирма Војвода“ се жалат дека на потегот каде што оваа сообраќајница се прекрстува со улицата Карпош Војвода, непосредно до т.н. Социјални бараки, секојдневно се соочуваат со два проблема.

Првиот проблем според нив е градежениот  шут кој е расфрлан на ова место  

Растурениот шут го оставија од фирмата која ги правеше тротоарите со бехатон плочки. Покрај тоа што не го поплочија тротоарот од другата страна на улицата, направија и  мини депонија до нашите живеалишта.-велат жителите, во писмото кое што го упатија  до нашата редакција.


Вториот проблем кој им пречи во секојдневното живеење е  несоодветната поставеност на сообраќајниот знак Стоп, на истата раскрсница.

– Знакот  е сокриен и никој не го гледа ни од едната ни од другата страна на улицата. Тука возилата поминуваат  со многу голема брзина, не се почитува предност на оние возила кои се приклучуваат од улицата  Карпош Војвода, бидејќи ретко кој го гледа овој знак. Тука  за малку се избегнуваат сообраќајни несреќи.-објаснуваат жиелите. Тие бараат од надлежните служби да го префрлат знакот на соодветно место пред почетокот на летната сезона, за да се спречат несаканите последици.

OhridNews