Научниците на северот од Шри Ланка неодамна откриле џиновска тарантула чиј распон на нозете достигнувал повеќе од 20 сантиметри. Овој голем пајак со необични шарки, со розе трака на абдоменот, живее на дрва и припаѓа на семејството тигрести пајаци кои можат да се најдат во Индија и Шри Ланка. Новата врста е наречена „poecilotheria rajaei“ по локален полициски инспектор кој на научниците им помогнал како водич.

Ранил Нанајакара, истражувач при организацијата „Биодиверзитет – образование и истражување“, рекол дека прв познат примерок од оваа тарантула бил откриен мртов во 2009 година. Неговата екипа неодамна прв пат имала можност да посматра живи примероци, неколку женки со своите млади. Тарантулите воглавно се хранат со инсекти, помали глодари, птици, змии и други ситни животни. На жртвите најпрво им вбризгуваат отров кој ги парализира, а потоа ги разградуваат и омекнуваат. Најголеми примероци од ова семејство се „theraphosa blondi“ кои живеат во Венецуела и Бразил, достигнувајќи должина од 30 сантиметри и тежина од 150 грама.