Славната Шарлиз Терон, актерката која за улогата Aileen Wuornos во потресниот филм Чудовиште заработи Оскар, иако важи за една од жителите на Холивуд со високо познавање од општата култура, неодамна покажа дека географијата баш и не и е јака страна.
Прогласена е за една од најубавите жени на светот и најубавите холивудски актерки, 32-две годишната екс манекенка и вереница на актерот Stuart Townsend раскажала како „многу и се допаднала Турција, а посебно главниот град на таа земја – Будимпешта“ – пренесува Daily Mail.
Русокосата убавица, инаку родена и порасната во Јужна Африка, неколку пати во интервјуата ја фалела убавината и гостољубивоста на жителите на „Турската престолнина – Будимпешта“.
„Стјуарт и јас ја посетивме Турција. Се воодушевив од главниот град Будимпешта, а посебно неговата живописна улица каде што купив прекрасен сувенир“, раскажува Шарлиз.
Терон наскоро ќе ја гледаме во филмот “In the Valley Of Elah” во кој глуми истражувач кој помага да се открие еден случај во кој е исчезнат американски војник, по неговото враќање од Ирак.
ohridnews