Џон Маерс ја наместил штоперката на фотоапаратот и жената и децата ги собрал да направат семејна фотографија. Во тој момент еден крадец зад грбот им ја украл торбата со документите, парите, клучевите од автомобилот и играчките на децата. Додека ги прегледувал фотографиите кои ги снимил, Џон на едната од нив го забележал и крадецот.


Фотографијата ја предале на полицијата која успеала да го идентификува и да го приведе. Торбата била вратена на семејството кое за жал не размислувало на најлошото додека се местеле за фотографијата.