На последната седница на советот на општина Охрид советниците ја усвоија Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај со која се очекува да се обезбеди континуиран, непречен, динамичен и безбеден сообраќај на територијата на општината.
За оваа програма се предвидени средства во висина од 8.200.000 денари кои треба да се обезбедат од републичкиот фонд за патишта и од буџетот на општината.
Најголем дел од овие средства, 2.500.000 ќе бидат распределени за санирање на улиците во селото Лескоец, а 2.200.000 денари ќе се искористат за санирање на улиците во Велгошти.
Еден милион денари се предвидени за зимско одржување на локални патишта и улици во Општина Охрид,а со 600.000 денари Лакочереј треба да се тампонира патот од Долно Лакочереј до селото Лескоец.
Во програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај ќе се санираат патот за Куратица и улиците во ова село, патот за селото Завој и патната мрежа во селото Долно Коњско.Вапила ќе добие проширен мост, а патот од ова село до Горно Лакочереј ќе биде тампониран.
Ohridnews