Црвен крст Охрид по повод денот на гладта, и Неделата на борба против гладта од 16-21 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  ќе спроведе кампања за помош на социјално најзагрозените наши сограѓани, кои секојдневно се борат за да се прехранат.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотини милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад, информираат од Црвениот крст.

Активностите по повод одбележувањето на Неделата на борба против гладта ќе бидат презентирани утре на прес конференција.

Ohridnews