Настанот кој за прв пат се одржа минатата година на Сарашите , по повод Денот на независноста на Македонија и 60- годишниот јубилеј на охридскиот ансамбл „Билјана“, прераснува во традиционален настан кој ќе се одржува секоја година, во чест на еден од оснoвачите на ансамблот, неодамна починатиот Кузман Поп Стефанија.
Концертот ќе се одржи денес со почеток од 19 часот. Освен следбениците на ансамблот, „ Билјана Јуниор“,свој настап ќе имаат и Игор Стефаноски на гитара, Јована Топенчарова и Маја Ристеска.
Охридскиот ансамбл „Билјана“, познат насекаде низ некогашните југословенски простори, пред 61 години беше формиран од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски – Сингл, Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски, a zgasna во 2002 година. Од пред три години, нивниот пат го продолжи новиот ансамбл „Билјана Јуниор“, составен од група млади охриѓани, кои верно ги следат стапките на некогаш најпознатиот ансамбл на староградски чалгии.
OhridNews