На саемот на играчки во Токио бил претставен електричен робот кој изгледал како вистинска жива пеперутка. Роботот е наречен Чу Чу и работи на батерии. Посетителите на саемот биле многу импресионирани од малиот робот кој бил произведен од фабриката за играчки „Тенио“.


Прикажан во стаклен бокал, роботот мавта со крилата и лета како вистинска пеперутка се до празнењето на батериите кои можат да се наполнат. Се очекува дека овој производ многу ќе им се допадне на децата, но и на возрасните, а на пазарот ќе се појави во септември.