45-годишната Ирена Д. од Москва, сопственичка на бујни гради, ни во најлошиот ноќен кошмар не можела да сонува дека ќе и се случи она што и се случило за време на слетувањето во Лос Анџелес. И пред да започне, нејзиниот одмор во Калифорнија доживеал фијаско.

За се се виновни силиконите на Ирена, кои поради притисокот за време на слетувањето на авионот со кој патувала кон Лос Анџелес едноставно експлодирале. Несреќната русинка проблемите почнала да ги чувствува за време на летот кој траел 14 часа. По излегувањето од авионот Ирена не успеала да стигне ни до аеродромската зграда бидејќи паднала пред влезот.


Докторите набрзо пристигнале на аеродромот и ја префрлиле во болница. Набрзо увиделе дека силиконите во нејзините гради се сериозно оштетени, но не успеале да ја утврдат вистинската причина за тоа.

Самиот лет не би можел да доведе до ова. Очигледно е дека пациентката и претходно имала проблеми со силиконите, а притисокот за време на летот само ги зголемил-изјавил еден од докторите.