Со фалсификувани патни исправи, во два одвоени случаи, 27 лица, странски државјани, се обиделе од аеродромите на грчкиот острови Санторини и Родос да стигнат во Италија и Германија, но биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.

Мнозинството од уапсените, односно 22 лица биле откриени на аеродромот на Санторини, а останатите пет уапсени лица на аеродромот на Родос.

Целта на уапсените била со фалсификуваните документи авионски да стигнат во Италија и Германија.

OhridNews