Поразот од Норвешка е втор во циклусот пријателски натпревари со „скандинавски“ селекции. Пред една седмица репрезентацијата на Шведска со 1-0 беше поуспешна од македонската фудбалска селекција.
Норвежаните постигнаа по еден погодок во двете полувремиња. Избраниците на селекторот Олсен поведоа во 9-та минута по кардиналната грешка на одбраната. Точка на победата стави Братен во 82-та минута кога го дуплираше водството.
Последниот играч во македонската одбрана Бобан Грнчаров во 15-та минута од вториот дел заработи црвен картон откако имаше вербален дуел со главниот судија.
Наредната контролна средба за „рисовите“ е во август против селекцијата на Бугарија на домашен терен.