Народниот театар од Охрид вечерва ќе ја изведе претставата „Емигранти“.

Режијата е  на Ирена Стеријовска, а во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Билјана Билаловиќ и Адријана Билаловиќ. Музиката која е пропратен дел од самата изведба е на Ѓоко Алоски и Стрезо Стаматоски, додека за сценографијата ќе се погрижи Владимир Ѓорески Рафик.

Претставата се игра во подрумската сцена на Центарот за култура со почеток во 20 часот.

Цената на билетот е 100 денари.

OhridNews