Oхридскиот Народен Театар, вечерва, 3- ти март, ќе ја изведе претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата, која се игра пред ограничен број публика, почнува во 20 часот, а цената на билетот е 250 денари.

Улогите ги толкуваат: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот.

Претставата се игра пред 24 лица, кои заедно со актерите седат на свадбената трпеза и не се препорачува за помлади од 14 години.

OhridNews