Вкупно 10,8 милиони евра од Министерство за труд и социјална политика се ставени на располагање на општините за развој на социјални услуги на локално ниво за следните 5 години. Министерството ги повикува општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.
- Целта е овие сервиси да ги развиваат локалните самоуправи или во партнерство со други даватели на услуги. Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци, велат од министерството.
Во рамките на проектот обезбедена е техничка помош за општините за проценка на потребите и побарувањата за социјални услуги на локално ниво во периодот додека трае повикот за изразување на интерес.На општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на експерт ангажиран во рамките проектот.
Повикот е објавен на веб страницата на министерството за труд и социјална плитика www.mtsp.gov.mk(проект за подобрување на социјалните услуги), кадешто го има и формуларот за пројавување на интерес. Крајниот рок за изразување на интерес за добивање на грантовите е 31 октомври годинава.
OhridNews