Една девојка од Холандија на раката тетовирала фотографии од 152 пријатели на Фејсбук. Видеоснимката од постапката се појавилана Ју Тјуб. Името на девојката како и на оној кој ја објавил видеоснимката не биле прикажани.


Ова не е прв пат фановите на оваа друштвена мрежа да се одлучуваат на помалку чудни потези. На почетокот на оваа година еден човек од Египет на своето дете му дал име Фејсбук. Со тоа сакал да покаже колку друштвената мрежа била важна за револуцијата во таа земја. Минатиот месец еден пар од Израел на своето бебе му дал име “Like”.