Истражување го го спровеле професори и истражувачи од универзитетот Ирвин во Калифорнија покажало дека најсреќни на работа се вработените кои имаат работни задачи кои не бараат многу размислување. Водачот на истражувањето Глориа Марк објаснила дека работата која не бара писхичка вклученост на лицето му дава чувство на исполнетост и задоволство без многу стрес и фрустрации. Инаку, истражувањето е спроведено врз вработените во Мајкрософт, кои исполнувале задачи за примање и сервисирање разни податоци за време на целиот работен ден.

истражувањето исто така покажало дека службениците во моментот на извршувањето на работните задачи кои бараат големо внимание и концентрација, се чувствувале многу помалку среќни отколку кога од нив се барало само површинско читање на поради и одговарање на електронска пошта. Во заклучокот на истражувањето било наведено дека концентрацијата доведува до еден вид стрес, а луѓето генерално се посреќни кога не се под стрес. Од друга страна, работата која не бара голем напор дава поголемо чувство на задоволство поради исполнувањето на работните обврски.