На просторот каде се наоѓаше старата библиотека нема да се гради никаков објект, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Со Заводот за заштита на спомениците на културата и  Музеј Охрид имаме изработено заеднички проект според кој во првата фаза  предвидено е да се отвори погледот кон болничките цркви и Самоиловите тврдини кај Долна порта, вели Петрески. На тој простор ќе се изгради катче за одмор со многу зеленило и клупи, а од објект најмногу ќе се изгради споменик на војводата Христо Узунов, додаде Петрески.

Деновиве започна работите за уредување на просторот каде се наоѓаше старата библиотека, кои ќе продолжат со средување на градските ѕидини информираше градоначалникот Петрески.

Ohridnews