Замок во Романија во кој некогаш живеел грофот Влад, попознат како Дракула, се нашол на листа недвижности кои се продаваат, јавуваат светските медиуми. Овој единствен замок е една од најпосетените туристички атракции во Романија. Низ историјата бил во сопственост на различни витези, а кон средината на минатиот век го присвоиле романските комунисти. Откако демократските сили дошле на власт во Романија, замокот станал приватна сопственост.

За грофот Влад, кој некогаш живеел во замокот, се раскажуваат борјни легенди, а тој станал познат пред се поради романот Дракула на англискиот писател Брем Стокер, напишан кон крајот на 19 век. Агентот кој работи на продажбата на замокот рекол дека новите сопственици можат да го преуредат замокот во хотел, во кој посетителите можат да отседнат најмногу ден или два.