Одамна изгубена снимка од убиството на претседателот Џон Кенеди, заедно со уште 30 минути дополнителен материјал кој го нема во официјалната верзија која се чува во архивите на американските власти, била ставена на продажба. Двочасовната снимка, направена пред кратката верзија која досега се сметала за едниствена која постои, била ставена на продажба по цена од 500 илјади долари од страна на компанијата “Raab Collection” од Филаделфија, која се занимава со трговија со историски документи.

Снимката му припаѓала на генералот Честер „Тед“ Клифтон Помладиот, помошникот на Кенеди кој се наоѓал во поворката во Далас на мотор, кога американскиот претседател бил убиен во 1968 година. Клифтон умрел во 1991 година, а снимката била продадена на “Raab Collection” по смртта на сопругата на Клифтон во 2009 година.