Скромно рибарско село близу американскиот град Хемптон се продава за 85 милиони долари. Селото со седум куќи, кое е сместено на површина од 12 хектари и окружено со вегетација на простор од 300 хектари, му припаѓало на родоначалникот на поп артот Енди Ворхол, а во него се одмарале бројни познати личности како Мик Џегер, Елизабет Тејлор, Џон Ленон.

 

Причината за високата продажна цена лежи во тоа што е сместено во престижната зона во која се одмара американската, посебно њујоршката елита, но и во тоа што селото во периодот од шеесеттите години му припаѓало на уметникот и режисет Енди Ворхол кој своевремено го купил за 225 илјади долари. Сегашен сопственик на селото е американскиот бизнисмен Мајк Дрекслер, кој поседот го купил во 2007 година за 27 милиони долари.