Тропски остров во Индискиот Океан се продава по цена од 14 милиони долари. Островот Оривару, сместен е на 14 хектари плодна земја богата со вегетација и ситен бел песок кој е окружен со водата на океанот.

Оддалечен е околу 100 километри од главниот град на Малдивите, Мале, јавуваат светските медиуми. За островот се вели дека е екстравагандна дестинација за летување која е во настанување. Купувачот ќе добие и дозволи за градење хотели и спа ресорти.