Продавницата за ексклузивен накит „Гинза Танака“ која се наоѓа во центарот на најпознатиот трговски кварт во Токио Гинза повторно одлучила да продава посебни елки наменети за оние кои сакаат луксузно да ги дочекаат Божик и Нова Година, па ставила на продажба новогодишна елка од чисто злато чија цена изнесува околу 5 милиони долари. Како што известуваат јапонските медиуми, висината на најголемата елка од колекцијата „Златна божиќна елка на Дизни“ е 2,4 метри, а за нејзината изработка биле потрошени 43 килограми чисто злато. Главна карактеристика и скапоценост се фигурите од хероите на Дизни, Мики Маус, неговата другарка Мини, Вини Пу и други кои летаат на балони. Секој од овие украси бил рачно изработен, а ги дополнуваат кутии со замислени подароци.
Освен оваа елка, на купувачите им се понудени и помали и поефтини елки. Така за околу 16 илјади долари може да се купи елка висока околу 20 сантиметри, украсена ос 26 ликови од цртаните филмови, а на неа биле потрошени 127 грама злато и 400 грама сребро. Во продавницата постои и сребрена верзија која е уште поефтина. Продажбата ќе трае до 25 декември. Златарата прв пат станалам позната во неомври 2011 година кога на широкиот аудиториум му претставила елка со висина од 1,92 метри чија цена била околу 2 милиони долари. Минатата година на продажба ставила божиќна елка со висина од 2,4 метрио чија цена била 4,2 милиони долари, Дали некој бил заинтересиран да ја купи, не е познато до ден денес.