Ранчот „Neverland“ во Калифорнија, домот на покојниот пејач Мајк Џексон е на продажба. Неговиот дом е проценет на 100 милиони долари, пренесуваат агенциите. На ранчот во долината Санта Инез се наоѓа и железничка станица, куќа со шест спални соби, кино со 50 места и две езера. Од неговата смрт во 2009 година ранчот не бил користен.
Џексон платил 19,5 милиони долари за ранч полн со дабови во 1988 година и му дал име „Neverland“ по островот на кој живеел Петар Пан. Набрзо на ранчот додал разни анимации како зоолошка градина о мал забавен парк, но сега истите се отстранети. После смртта на пејачот, агенцијата за недвижности Колони Капитал се грижеше за ранчот кој се наоѓа 240 километри северно од Лос Анџелес.