Една продавница во Лондон на купувачите им го пнудила новиот хит на сезоната, односно месо од верверици. Против необичниот прехрамбен производ веднаш се побуниле здруженијата за заштита на животните. Сопственикот на продавницата, Ендрју Торнтон рекол дека во тоа не гледа никаков проблем.
Уверен е дека месото на вервериците ќе стане еднакво ценето како и месото на зајакот. Истакнал дека во дивината има многу верверици и дека затоа месото е многу ефтино. Неговите клинети наводно биле мнгу задоволни. Здруженијата за заштита на животните во тоа гледаат непотребно погубување на симпатичните животни.