Изола ди Мал Вентре, ненаселено островче во Медитеранското Море, кое дава чувство на недопрен рај на Земјата, се продава за 1,5 милиони евра. Ова е едно од ретките расположливи острови во Медитеранот, а се наоѓа на само неколку километри од северниот брег на Сардинија. Островот се протега на два километри должина, и поседува 80 хектари флора и фауна. Моментално е во сопственост на англиски бизнисмен кој одлучил да го продаде.

На островот нема објекти за станување, елетрична енергија, ниту вода за пиење, а изградба на вила би чинела околу 10 милиони евра. Единствен доказ за човечко присуство се остатови од столбови од периодот на стариот Рим како и една колиба. Најблиското пристаниште е оддалечено девет километри од островот.