Вилата во која режисерот Френсис Форд Купола во 1972 година го снимал филмот „Кум“ е ставена на продажба. Куќата која има осум спални соби, два камина, подрум со пијалоци, гаража за четири возила и базен се продава за 2,9 милиони долари.
Во филмот „Кум“, Марлон Брандо го играл шефот на мафијашкото семејство, Вито Корлеоне. Во актерската екипа беа уште и Ал Пачино и Роберт Дувал. Сопственикот на куќата Џејмс Нортон рекол дека неговата мајка сочувала бројни реквизити користени за време на снимањето, а меѓу нив се наоѓаат и картички со текстот кој го користел токму Марлон Брандо.