Една од најпознатите куќи во Њујорк е секако куќата во која живеела легендарната Кери Бредшо, која во хит серијата „Сексот и градот“ ја играла Сара Џесика Паркер. Куќата во која беа разменувани многу бакнежи на продажба била ставена за „скромни“ 9,65 милиони долари. Иако Кери во серијата имала само еднособен стан, куќата во улицата Пери во стварноста се простира на четири ката и има десет соби и шест камини.
Станува збор за типична граѓанска куќа од 19 век со многу златни детали. Подигната во 1886 година, куќата се наоѓа во мирниот крај Вест Вилиџ. Освен што ќе биде должен да ја реновира, новиот сопственик ќе мора да се избори и со несогласувањата на соседите, кои се жалат поради вревата која ја прават бројните туристи кои ја посетуваат куќата секоја година. Во 2008 година жителите на улицата успеале да забранат запирање на автобусите пред куќата.