Куќата на холивудската дива Елизбет Тејлор, која повеќе од 30 години била во нејзина сопственост и која се проценува на 6,1 милион долари, била ставена на продажба. Имотот со куќата на филмската звезда, која почина оваа година на 79 години, се наоѓа во Лос Анџелес. Имотот е изолиран и до него се стигнува со приватен пат. Во рамките на имотот покрај куќата има раскошна градина и базен.
Во приземјето на куќата се наоѓаат огромна кујна, тоалет, две дневни соби со излез на градината и посебни простории за послугата, додека некогашната кино сала е преуредена во работна соба со поглед на сауната. На првиот кат кој има поглед на дрворедот се сместени џакузи, две мали соби и гардеробер.