Куќата во Мајами во која умрел Ал Капоне се најде на пазарот за недвижности. Вилата од безмалку 1000 квадратни метри има своја приватна плажа, седум големи соби и седум тоалети. Озлогласениот криминалец за имотот платил 40 илјади долари. Идниот сопственик сега мора да издвои 8,5 милиони долари. Изградена е во 1922 година, а Капоне ја купил во 1928 година.
Гангстерот бил приморан да го напушти Чикаго, потоа и Лос Анџелес, па дошол на Флорида каде продолжил со шверцот на алкохол помеѓу Куба и САД. Немал доверба во никого, па куќата ка претворил во тврдина со тешки дрвени врати, високи огради и куќа за чувари. Во таа куќа живеел после издражната затворска казна во Алкатраз во 1939 година и тогаш болувал од сифилис. Починал од срцфев удар на 49 години во еден од тоалетите во куќата. Имотот долго бил во сопственост на неговото семејство. Во седумдесеттите години тоа се променило и оттогаш имотот имал двајца сопственици. Легендата за гангстерот сеуште живее, па туристите секојдневно ја посетуваат куќата, сега реновирана поради продажбата.