Црвената јакна на популарниот пејач Мајкл Џексон, која ја носел во спотот за песната ”Thriller”, ќе биде понудена на аукција во Џулиеновата аукциска галерија на Беверли Хилс на 26 јуни, јавуваат светските агенции. Се очекува јакната од црна и црвена кожа, која ја направиле костимографите Денис Томпкинс и Мајкл Буш, да достигне цена од 200 до 400 илјади долари.


Музичкиот спот од песната ”Thriller”, трае 14 минути и се појавил 1983 година, а се смета за еден од највлијателните поп музички спотови на сите времиња. На аукцијата ќе се најде и американската музичка награда во вид на ракавица,како и периката која ја носел 2009 година на конференција за новинарите, најавувајќи ја својата турнеја.