На почетокот на годинава метеор паднал во близина на рускиот град Чељабинск и предизвикал огромна материјална штета, но за среќа немало човечки жртви. Поголем број од деловите на метеорот биле собрани за истражување, но неколку парчиња останале во рацете на локалните жители. Сега најголемиот достапен фрагмент бил понуден на продажба и тоа за 65 илјади долари. Каменот тежок 3,36 килограми, чие вселенско потекло го потврдил и универзитетот во Чељабинск, се рекламира како „сериозен метеорит за сериозни луѓе“.

Алексеј Усенков, која го продава каменот, за својот плен бара 65 илјади долари. Според извештаите на медиумите, Усенков пронашол уште неколку помали фрагменти, но им ги дал на пријателите и роднините. Првобитно имал намера да го задржи големото парче или да го подари на некој музеј, но се премислил. Рекол како се надева дека ќе најде купувач пред првата годишнина од падот на метеорот, 15 февруари, кога од последиците од експлозијата во воздухот биле повредени 1200 лица, и биле оштетени неколку згради.