Најпознатата роденденска песна која сите дечиња на секој роденден по 100тина пати низ многу генерации ја пеат и ја знаат од А до Ш, конечно по 20 години добива видео и аудио верзија. Роденденска песна (Денеска е убав ден, среќен ден, радосен!) – текст напишан од највеселиот кловн на светот тетка Анета Кловнета која пред две децении го започна овој тренд на детските родендени и до ден денес е најпопуларната роденденска песна.

Во продукција на OhridNews и неколку други соработници кои несебично и со многу љубов и ентузијазам се согласија да дадат свој придонес, оваа песна си доби свое вечно место која ќе ечи на сите детски роденденски забави!

Видео записот на популарната Роденденска песна беше промовиран на 23-то издание на фестивалот „Распеано Рибарче“ што се одржува во центарот за култура во Охрид.

Текстот на песната е на Анета Вршкоска Јованоска, аранжманот на Никола Јосифоски, аудио микс и мастеринг Димче Китрозоски (студио Китрозон). Песната ја испеаја: Марко Петроски, Мартина Филипоска и Меланија Блажеска. Камера и фото: Тони Нически, Анамарија Момироска, видео монтажа Крсте Симиџиоски. Автор на проектот Јован Цветкоски, главен и одговорен уредник Горан Момироски. Во снимањето на спотот учествуваше Детскиот хор „Весели Бисерчиња“, а снимањето се одвиваше во Игротека „СМАЈЛИ“.

OhridNews  изрзува голема благодарност до сите што учествуваа и што помогнаа да се заокружи една убава приказна која уште толку ќе ги развесели детските родендени.

OhridNews